свет

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени го потресе североисточниот дел на Јапонија

- Епицентарот на земјотресот бил отворено море наспроти градот Ишиномаки во префектурата Фукушима.

Ahmet Furkan Mercan  | 25.01.2023 - Обновена : 26.01.2023
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени го потресе североисточниот дел на Јапонија

ТОКИО (АА) - Земјотрес со интензитет од 4,9 степени ја потресе јапонската префектура Фукушима која се наоѓа во североисточниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонската Агенција за метеорологија објави дека е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени со епицентар на отворено море наспроти градот Ишиномаки во префектурата Фукушима.

Земјотресот што се случи во 10:01 часот по локално време, бил на длабочина од 50 километри. По потресот во подрачјето не е дадено предупредување од можен „голем бран“.

Земјотресот се почувствувал и во префектурите Мијаги, Ивате, Јамагата и Ибараки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın