Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ги потресе Филипините
- Епицентарот на земјотресот, што е забележан на длабочина од 132 километри, регистриран е на 21 километар северозападно од Калатаган
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ја потресе филипинската провинција Батангас, известува Агенција Анадолија (АА).
Филипинскиот сеизмолошки институт соопшти дека во 5:50 часот по локално време, во провинцијата Батангас бил почувствуван земјотрес со интензитет од 6,1 степен.
Епицентарот на земјотресот, што е забележан на длабочина од 132 километри, регистриран е на 21 километар северозападно од Калатаган.
Властите предупредија на можноста од последователни земјотреси.
Иако земјотресот бил почувствуван и во главниот град Манила и во провинциите Булакан и Ориентал Миндоро, нема човечки жртви, ниту е причинета материјална штета.