свет

Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени го погоди јужниот дел на Филипините

Земјотресот се случил недалеку од брегот на градот Лингиг во провинцијата Суригао дел Сур во Минданао во 6:23 часот денес

Islam Uddin  | 03.08.2024 - Обновена : 05.08.2024
Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени го погоди јужниот дел на Филипините

АНКАРА (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 6,5 степени го погоди јужниот дел на Филипините, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Земјотресот се случил недалеку од брегот на градот Лингиг во провинцијата Суригао дел Сур во Минданао во 6:23 часот денес по локално време, објави Инквајарер.нет.

Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, земјотресот бил на длабочина од 10 километри и е регистриран со интензитет V во Хинатуан, Суригао дел Сур.

Нема информации за жртви или причинета материјална штета.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın