свет

Извршен напад врз центарот „Туркеви“ во Њујорк

Според добиените информации, неидентификувано лице во 03:14 часот по локално време со железна хебла скршило неколку стакла во долниот дел на зградата

Şerife Çetin  | 22.05.2023 - Обновена : 23.05.2023
Извршен напад врз центарот „Туркеви“ во Њујорк Фото: Selçuk Acar/AA

ЊУЈОРК (АА) - Извршен е напад врз центарот „Туркеви“ (Турска куќа) во кој се наоѓаат канцелариите на Постојаното претставништво на Туркије во Обединетите нации (ОН) и на Главниот конзулат на Туркије во Њујорк, јавува Анадолу.

Според добиените информации, неидентификувано лице во 03:14 часот по локално време со железна хебла скршило неколку стакла во долниот дел на зградата.

Се истакнува дека е воспоставен контакт со полицијата во Њујорк во врска со случајот.

Полицијата во Њујорк постави безбедносен кордон во околината на „Туркеви“ и започна истрага за случајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın