свет

Израел го ослободи Палестинецот Карим Јунис по 40 години минати во затвор

Карим Јунис од градот Ара во северен Израел е уапсен на 6 јануари 1983 година и осуден на доживотна казна затвор, која подоцна е намалена на 40 години

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout  | 05.01.2023 - Обновена : 06.01.2023
Израел го ослободи Палестинецот Карим Јунис по 40 години минати во затвор

РАМАЛА (АА) - Израелските власти денеска ослободија палестински затвореник по 40 години минати во затвор, соопшти Здружението на палестински затвореници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Карим Јунис од градот Ара во северен Израел е уапсен на 6 јануари 1983 година и осуден на доживотна казна затвор, која подоцна е намалена на 40 години.

Тој беше обвинет за членување на во тоа време забранетото движење „Фатах“, за поседување оружје и убиство на израелски војник.

Јунис е член на Централниот комитет на „Фатах“, предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

За време на неговиот притвор, тој напиша две книги на арапски јазик - едната во 1990 година со наслов „Политичката реалност во Израел“, и другата во 1993 година со наслов „Идеолошката борба и спогодба“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.