свет

Илон Маск, сопственикот на X, вели дека проблемите со пристапот до платформата „потекнуваат од Украина“

- Илон Маск за прекинот на пристап до платфорамата X рече дека „не се целосно сигурни“ што се случило, но „сепак, имаше голем кибернапад со користење на украински IP адреси за да се урне системот на X.“

Ayşe İrem Tiryaki  | 11.03.2025 - Обновена : 11.03.2025
Илон Маск, сопственикот на X, вели дека проблемите со пристапот до платформата „потекнуваат од Украина“

АНКАРА (АА) - Илон Маск, сопственик на платформата за социјални медиуми X, изјави дека подолгиот прекин со пристапот што се случил на платформата X е „кибернапад што потекнува од Украина“, известува Анадолу.

Во интервју за „Fox Business Network“, Маск зборуваше за подолгиот прекин со пристапот што го имаше платфорамата X.

Зборувајќи дека „не се целосно сигурни“ што се случило, Маск истакна:

„Сепак, имаше голем кибернапад со користење на украински IP адреси за да се урне системот на X.“

Од друга страна, Маск истакна дека моментно нема проблем со пристапот до платформата.


- Владини кратења

Маск ги коментираше отпуштањата во администрацијата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и кратењата за Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

Зборувајќи дека има „многу големо количество отпад и измама“ во Владата, Маск рече:

„Извештајот објавен минатата година од Канцеларијата за отчет на Владата (ГАО) процени дека владината корупција изнесува половина трилион долари. Не станува збор за администрацијата на Трамп, туку за администрацијата на (поранешниот претседател Џо) Бајден.“

Во врска со предметната „корупција“, Маск потсети и на тврдењето дека во базата на податоци на американската Администрација за социјално осигурување има повеќе од 20 милиони луѓе на возраст од 100 и повеќе години.

На прашањето како се истражени овие наводи за корупција, Маск рече:

„Ние во основа ги следиме парите. Забележавме огромна сума на пари што (преку УСАИД) се праќаат до невладини организации.“

Маск рече дека Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој ги спроведува предметните ревизии, ги истражува сите федерални оддели и дека овој тим има над 100 вработени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.