свет

Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи итно ослободување на заложниците во Газа

Демонстрантите побараа продолжување на процесот на размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, прекин на израелските напади врз Газа и конечно враќање на Израелците од Газа

Ekipa  | 09.03.2025 - Обновена : 10.03.2025
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи итно ослободување на заложниците во Газа Фото: Yair Palti/AA

ТЕЛ АВИВ (АА) - Илјадници Израелци синоќа се собраа на Улицата Бегин во Тел Авив, Израел, за да побараат итно ослободување на заложниците кои се држени во Газа, јавува Анадолу.

Носејќи транспаренти и извикувајќи слогани, демонстрантите маршираа кон Кирија и Плоштадот на заложниците.

Тие преку транспарентите повикаа „Ставете крај на војната“, „Никој не е слободен, додека сите не се слободни“, „Вратете ги заложниците, не војната“.

Побараа продолжување на процесот на размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, прекин на израелските напади врз Газа и конечно враќање на Израелците од Газа.

Демонстрантите носеа и фотографии од нивните роднини и израелски знамиња и извикуваа слогани против израелскиот премиер Нетанјаху и политичарите во неговата Влада.

Израел смета дека уште 59 заложници се држат во Газа, и дека најмалку 22 од нив се живи. Се очекува тие да бидат ослободени во втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници, со кој се бара Израел целосно да ги повлече своите сили од Газа и трајно да ја заврши војната.

Договорот за прекин на огнот е во сила од јануари, запирајќи ја геноцидната војна на Израел врз Газа, во која се убиени над 48.400 Палестинци, главно жени и деца, и која ја остави енклавата во урнатини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.