свет

Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

Последниот бран потези инициран од Њу Делхи доаѓа по нападот врз туристи во Кашмир под индиска управа, во кој загинаа 26 лица

Riyaz Khaliq Khaliq, Ahmad Adil  | 24.04.2025 - Обновена : 24.04.2025
Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија денес побара од своите граѓани кои го посетуваат Пакистан да се вратат дома „најбрзо што можат“, по еден ден откако еднострано го суспендира билатералниот пакт за споделување на води, Договорот за води на Инд, со својот западен сосед, јавува Анадолу.

Исто така, побара од индиските државјани да избегнуваат патувања во Пакистан, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Министерството најави и суспензија на визните услуги за пакистанските граѓани. Претходно, Индија ги суспендираше визите за пакистанските граѓани според рамката на Јужноазиската асоцијација за регионална соработка.

Последниот бран потези инициран од Њу Делхи доаѓа по нападот врз туристи во Кашмир под индиска управа, во кој загинаа 26 лица.

Пакистан возврати со свои мерки, меѓу кои и суспендирање на целосната трговија и затворање на копнените патишта, како и затворање на воздушниот простор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.