свет

Индонезија: Активниот вулкан Мерапи исфрла лава

- Вулканот еруптираше неколкупати на подрачјето Слеман во Јогјакарта

Vesna Besic  | 20.07.2023 - Обновена : 21.07.2023
Индонезија: Активниот вулкан Мерапи исфрла лава Фото: Дасрил Розанди / АА

ЏАКАРТА (АА) - Мерапи, најактивниот вулкан во Индонезија, еруптираше и исфрла лава, известува Анадолу.

Вулканот еруптираше неколкупати на подрачјето Слеман во Јогјакарта. Во околината на планината висока 2.968 метри живеат околу 250.000 луѓе.

Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава, во близина на древниот град Јогјакарта. Мерапи е најактивен меѓу десетината вулкани во Индонезија и во последно време повеќепати еруптираше.

Во ерупцијата на Мерапи во 2010 година животот го загубија 347 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın