свет

Индонезија: Во тек акциите за спасување по разорниот земјотрес

Државната агенција за управување со катастрофи објави дека 162 лица загинале во земјотресот со јачина од 5,6 степени

Aldijana Hadzic  | 22.11.2022 - Обновена : 22.11.2022
Индонезија: Во тек акциите за спасување по разорниот земјотрес

ЧИАНЏУР (АА) – Во тек се акциите за спасување на луѓето затрупани под земја по разорниот земјотрес во Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Државната агенција за управување со катастрофи вчера објави дека 162 лица загинале во земјотресот со јачина од 5,6 степени.

Гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил, соопшти дека во земјотресот што го погоди Чианџур повредени се над 700 лица.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во Џакарта и во други региони, вклучувајќи ги Ранчаекек, Јужен Тангеранг и Депок.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.