свет

Ирак: Демонстрантите влегоа во строго чуваната Зелена зона и во зградата на Парламентот

- Приврзаниците на шиитскиот лидер Муктада ал-Садр на протестите во Багдад влегоа во строго чуваната Зелена зона и упаднаа во зградата на Парламентот на Ирак

Haydar Karaalp  | 30.07.2022 - Обновена : 01.08.2022
Ирак: Демонстрантите влегоа во строго чуваната Зелена зона и во зградата на Парламентот Фото: Муртада Ал-Судани / АА

БАГДАД (АА) - Приврзаниците на шиитскиот лидер Муктада ал-Садр на протестите во Багдад влегоа во строго чуваната Зелена зона и упаднаа во зградата на Парламентот на Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).

Како и пред 3 дена, приврзаниците на шиитскиот лидер Муктада ал-Садр и денес протестираа во Багдад и успеаја да ги урнат бариерите и да влезат во Зелената зона, а потоа и во зградата на ирачкиот Парламент.

Ирачките безбедносни сили интервенираа со водени топови и солзавец.

Министерството за здравство на Ирак соопшти дека во немирите се повредени најмалку 60 лица и дека се згрижени во повеќе багдадски болници.

Демонстрантите рано утрово се собраа на плоштадот Тахрир, а потоа почнаа да ги уриваат бариерите на патот кон Зелената зона во која се сместени ирачките институции и дипломатските претставништва во таа земја.

Координационата рамка, коалицијата на шиитската партија блиска до Иран, во почетокот на неделата го номинираше Мохамед ал-Судани за нов премиер на Ирак. На номинацијата на Ал-Судани се противи шиитскиот свештеник Ал-Садр, чија партија победи на минатогодишните општи избори во Ирак.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın