свет

Истражување: Војната во Украина може да ја чини Русија над 20 милијарди долари дневно

Во истражувањето се истакнува дека директните загуби од војната, вклучувајќи ги и забележливите загуби на воена опрема и персонал, ја чинеле Русија приближно 7 милијарди долари во првите пет дена

Mehmet Alaca  | 03.03.2022 - Обновена : 04.03.2022
Истражување: Војната во Украина може да ја чини Русија над 20 милијарди долари дневно

АНКАРА (АА) ‒ Трошоците за војната што Русија ја започна против Украина на 24 февруари може да ја чинат московската администрација над 20 милијарди долари дневно, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста што ја објави онлајн консултантската компанија „Консалтанси“ отстапен е простор за истражувањето спроведено од тинк-тенк организациите „Центр фор икономик риковери“ и „ИзиБизнис“ и консултантската компанија „Цивита“, во кое се пресметани трошоците на руската економија во руско-украинската војна.

Во истражувањето се истакнува дека директните загуби од војната, вклучувајќи ги и забележливите загуби на воена опрема и персонал, ја чинеле Русија приближно 7 милијарди долари во првите пет дена.

Студијата, во која се наведува дека загубата на опрема изнесува 4,2 милијарди долари, предвидува дека само загубата на човечки животи ќе предизвика загуба од 2,7 милијарди долари во БДП во следните 40 години.

Покрај тоа, во истражувањето се вели дека обемот на мобилизацијата, кое вклучува логистика, персонал, муниција, гориво, лансирање ракети, ќе чини повеќе пари секој нареден ден и се истакнува дека со зголемувањето на обемот на инвазијата, дневните трошоци на Русија за војната може да надминат 20 милијарди долари.

‒ Економски трошоци 

Од друга страна, вредноста на рубљата падна на историски нивоа поради санкциите воведени од меѓународната заедница со цел да се дестабилизира руската економија и земјата да се одврати од агресијата.

Се истакнува дека додека руските компании забележуваат брз пад на пазарната вредност, московската администрација има потешкотии да ја одржи макростабилноста поради новите ограничувања на тргувањето со државни обврзници и замрзнувањето на средствата на Централната банка.

Додека трговските ограничувања се очекува да предизвикаат голема штета на руската енергетски зависна економија, во истражувањето се истакнува дека забраната за увоз на високотехнолошки производи ќе влијае и врз синџирите на вредност на среден и долг рок.

Ваквата ситуација ќе значи висока инфлација и ниска куповна моќ за обичните руски граѓани и зголемување на сиромаштијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.