Италијанските специјални сили го спасија турскиот брод киднапиран од илегални мигранти
„Киднаперите на бродот се фатени. Сѐ заврши добро“, соопшти италијанскиот министер Крозето
РИМ (АА) - Турски брод, кој беше нападнат од вооружени крадци, беше обезбеден од безбедносните сили кај јужниот италијански град Неапол, соопшти италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, пренесува Анадолу.
„Киднаперите на бродот се фатени. Сѐ заврши добро“, напиша Крозето на Твитер и им честита на безбедносните сили што учествуваа во операцијата за враќање на контролата над бродот.
Крозето претходно за новинарите изјави дека крадците, за кои рече дека се група илегални мигранти со „оружје од типот кама“, ја презеле контролата врз ро-ро бродот „Галата сивејс“ под турско знаме, кој пловел од турската област Јалова кон француското пристаниште Сете.
По операцијата на два хеликоптера на морнарицата, персоналот на крајбрежната стража и царинската полиција, контролата врз бродот е вратена кај Неапол.
Генералната дирекција за поморски работи на Туркије соопшти дека релевантните власти биле алармирани во 11:20 часот по локално турско време дека на бродот биле откриени 15 лица со ножеви од типот кама.
Екипажот ги заклучил во просториите за да се заштити себеси.
Подоцна, споделувајќи слики од безбедносните камери на бродот, Генералната дирекција за поморски работи на Туркије објави на Твитер дека италијанските безбедносни сили ја вратиле контролата врз бродот и го спасиле екипажот.