свет

Камала Харис изгуби во клучната сојузна држава Мичиген, каде што многу Арапски Американци го поддржаа Трамп

Трамп обезбеди 15 електорски гласови во државата, каде што мнозинството американски муслимани се чувствуваа предадено и беа лути поради безусловната поддршка на администрацијата на Бајден-Харис за Израел

Diyar Güldoğan  | 06.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
Камала Харис изгуби во клучната сојузна држава Мичиген, каде што многу Арапски Американци го поддржаа Трамп

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателската кандидатка на демократите, Камала Харис, изгуби во американката сојузна „свинг“ држава Мичиген, каде што одлучувачки беа гласовите на арапските и муслиманските заедници, според Асошиетед прес, пренесува Анадолу.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп обезбеди 15 електорски гласови во државата, каде што мнозинството американски муслимани се чувствуваа предадено и беа лути поради безусловната поддршка на администрацијата на Бајден-Харис за Израел, кој уби над 43.000 Палестинци во Газа по 7 октомври минатата година.

Трамп надмина над 270 гласови на Електорскиот колеџ потребни за победа на овогодинешните претседателски избори во САД, објави денес Асошиејтед прес.

Тој ја победи Харис во изборната трка, освојувајќи 292 гласа на Електорскиот колеџ и обезбедувајќи го своето место како 47-ми претседател на државата. Харис има 224 електорски гласа.

Тој ги освои клучните „свинг“ држави Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија, Висконсин и Мичиген, како и Индијана, Кентаки, Западна Вирџинија, Флорида, Тенеси, Јужна Каролина, Оклахома, Мисисипи, Алабама, Арканзас, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вајоминг , Небраска, Луизијана, Охајо, Тексас, Мисури, Јута, Монтана, Канзас, Ајова и Ајдахо.

Трамп им се заблагодари на Американците „за извонредната чест да бидам избран за ваш 47-ми претседател и за 45-ти претседател“, мислејќи на неговиот претходен мандат на функцијата од 2017 до 2021 година, кога Џо Бајден го освои својот четиригодишен мандат како 46-ти претседател на САД.

„Ова е величествена победа за американскиот народ што ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, рече тој.

Со победата Трамп ќе биде втор претседател на САД што служел без последователни мандати во Белата куќа, по Гровер Кливленд, кој беше на функцијата два одделни мандата во доцните 1800-ти.

Од овогодинешните избори бенефит имаше Републиканската партија како целина, бидејќи ја префрли рамнотежата на моќта подалеку од демократите со преземање на контролата врз американскиот Сенат (52:42), каде за неколку места сè уште се пребројуваат гласовите, но само 51 се потребни за преземање на мнозинството.

Контролата во Претставничкиот дом допрва треба да се утврди, бидејќи резултатите од повеќе трки сѐ уште не се објавени. Досега, републиканците водат над демократите со тесна разлика, 210:181, а магичната бројка за преземање контрола во Конгресот е 218.

На државно ниво, републиканците исто така поминаа добро, со моментален баланс на силите - 27 републикански гувернери наспроти 23 гувернери од демократите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.