свет

Карипските Острови на американскиот милијардер Епштајн се продаваат за 125 милиони долари

За цена од 125 милиони долари на продажба се ставени островите на милијардерот Џефри Епштајн, кој беше обвинет за создавање мрежа на сексуална злоупотреба, педофилија и проституција врз девојчиња во САД и беше пронајден мртов во затвор во 2019 година

Emel Öz  | 24.03.2022 - Обновена : 29.03.2022
Карипските Острови на американскиот милијардер Епштајн се продаваат за 125 милиони долари Фото: Архива / АА

АНКАРА (АА) - Карипските Острови на милијардерот Џефри Епштајн, кој беше обвинет за создавање мрежа на сексуална злоупотреба, педофилија и проституција врз девојчиња во САД и беше пронајден мртов во затвор во 2019 година, ставени се на продажба за 125 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), Даниел Вајнер, адвокатот на Епштајн, информирал дека островите Малиот Св. Џејмс и Великиот Св. Џејмс кои се дел од американските Девствени Острови, се ставени на продажба за 125 милиони долари.

Вајнер изјави дека дел од приходите од продажбата ќе бидат искористени за подмирување на заостанатите судски долгови.

Епштајн навел дека островот Малиот Св. Џејмс пред 25 години бил купен за околу 8 милиони долари, додека островот Великиот Св. Џејмс е купен за 22,5 милиони долари во 2016 година.

- Случајот „Џефри Епштајн“

Џефри Епштајн од САД, кому му се судеше за сексуално злоставување на десетици малолетни девојчиња, од кои најмладото имало 14 години, и за создавање на мрежа за проституција, беше пронајден мртов на 10 август 2019 година, во својата ќелија во која беше притворен во Централниот затвор „Метрополитен“ во Менхетен, Њујорк. Затворот беше затворен по овој инцидент.

Гислејн Максвел, девојката на Епштајн, беше пронајдена за виновна и осудена поради наводно помагање во нелегалните активности на Епштајн во организирањето на намамување малолетни девојчиња во проституција за некои богати, познати личности и владини функционери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.