свет

Картахена - живописен град на карипскиот брег на Колумбија

- Се смета за еден од најживописните градови во светот

Sinan Doğan  | 17.06.2023 - Обновена : 20.06.2023
Картахена - живописен град на карипскиот брег на Колумбија Фото: Синан Доган / АА

КАРТАХЕНА (АА) - Картахена, пристаништен град на карипскиот брег на Колумбија, зазема важно место во историјата на регионот, а поради своите историски улици, тврдини и длабокото сино море, се нарекува и „туристичко богатство“ на земјата, пишува Анадолу.

Откако градот е основан во 1533 година од шпанскиот истражувач Педро де Ередија, поради својата стратешка положба, со време прераснува во колонијално пристаниште.

Во тие времиња, морнарите од шпанскиот град Картахенаподрачјето го нарекле „Cartagena de Indias“ (Индиска Картахена), а во 1614 година изградена е и тврдина за да се заштити градот од пиратите.

Градот и покрај тврдината, бил напаѓан и ограбуван, но успеал да опстои, а подоцна продолжува да ја зголемува својата популарност.

Славата ја стекнува благодарение на познатиот роман „Љубов во време на колера“ на познатиот писател Габриел Гарсија Маркес, добитник на Нобеловата награда, а на светската листа на културно наследство на УНЕСКО е вметнат во 1984 година.

Се смета за еден од најживописните градови на светот.

Своите посетители ги дочекува со огромни бели облакодери и модерни хотели, но и со историски колонијални куќи и музеи, единствени примери на класичната шпанска архитектура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın