свет

Кина и Русија ја спроведоа четвртата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан

- Во соопштението се наведува дека патролата не била насочена кон трето лице и нема никаква врска со моменталната состојба на меѓународно и регионално ниво

Amir Latif Arain  | 14.07.2024 - Обновена : 16.07.2024
Кина и Русија ја спроведоа четвртата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан

ПЕКИНГ (АА) - Кинеските и руските поморски бродови ја извршија својата четврта заедничка поморска патрола во западниот и северниот дел на Тихиот Океан, објави денес кинеското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека патролата не била насочена кон трета страна и нема никаква врска со актуелната меѓународна и регионална ситуација.

Заедничката вежба „Море-2024“ се одржа во водите и воздушниот простор во близина на Џанџијанг, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.

Вежбата е изведена во согласност со годишниот план за воен ангажман и билатералниот договор меѓу вооружените сили на двете земји., се наведува во соопштението.

Сепак, Јапонија изрази сериозна загриженост за националната безбедност поради близината на операциите до нејзината граница.

Заедничките вежби меѓу Кина и Русија служат како показател за нивното стратешко партнерство, а аналитичарите го гледаат како одговор на американското воено присуство во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın