свет

Кина: Пет лица загинаа во несреќа на пловечки мост

- Пет лица загинаа, додека тројца преживеаја и успеаја безбедно да стигнат до брегот

Islam Uddin  | 17.05.2023 - Обновена : 18.05.2023
Кина: Пет лица загинаа во несреќа на пловечки мост

АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица загинаа во сообраќајна несреќа на познатиот пловечки мост Шизигуан во централната кинеска провинција Хубеи, објавија кинеските медиуми, пренесува Анадолу.

„Возило во кое биле осум патници удрило и целосно потонало“, објави „Глобал тајмс“.

Пет лица загинаа, додека тројца преживеаја и успеаја безбедно да стигнат до брегот.

Се наведува дека ова е прва несреќа на овој мост, долг 500 метри, кој е отворен во 2016 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın