свет

Кина: Смртна казна за лицето кое подметна пожар во автобус

Тој на суд се бранел истакнувајќи дека пожарот го подметнал од бес поради финансиски спор

Ekip?  | 04.07.2016 - Обновена : 05.07.2016
Кина: Смртна казна за лицето кое подметна пожар во автобус

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот суд денес му изрече смртна казна на човекот кој подметна пожар во автобус во кој загинаа 18 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ма Јонгпинг, како што тврди кинескиот суд, во јануари оваа година употребил шише со бензин во нападот во кој, покрај смртно настраданите, повредени се и 32 лица.

Тој на суд се бранел истакнувајќи дека пожарот го подметнал од бес поради финансиски спор.

Минатиот месец притворени се седум лица поради пожар кој го зафати автобусот во којшто изгореа 35 лица во покраината Хунан.

Главниот осомничен во овој случај е возачот кој избегал од возилото и не им ја отворил вратата на патниците да излезат и да се спасат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.