Ко Пањи - село на вода во Тајланд
Селото, кое целосно е изградено на вода, е дом на заедница што и денес ја негува традицијата на риболов наследена од предците
ПАНГ НГА (АА) – Во јужниот дел на Тајланд, во заливот Панг Нга, се наоѓа уникатното рибарско село Ко Пањи, кое во 18 век било основано од муслимански рибари што дошле од Малезија, јавува Анадолу.
Сместено во водите на Андаманското Море, Ко Пањи претставува исклучителен пример за живот во хармонија со природата.
Локалното население живее на вода во секојдневјето - куќите, училиштето, дури и фудбалското игралиште се изградени на платформи што пловат на површината на морето.
Селото Ко Пањи го привлекува вниманието на посетителите со своите природни убавини и културното богатство.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.