Турција, свет

Кремљ: Путин и Ердоган ќе се состанат на 13 октомври во Астана

Портпаролот Песков истакна дека на средбата ќе се разговара за украинското прашање, како и за билатерални прашања

Dmitri Chirciu  | 11.10.2022 - Обновена : 12.10.2022
Кремљ: Путин и Ердоган ќе се состанат на 13 октомври во Астана

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се состанат на 13 октомври во казахстанскиот главен град Астана, јавува Агенција Анадолија (АА).

Песков во рускиот главен град Москва даде изјава за медиумите во врска со актуелните прашања.

Тој рече дека продолжуваат подготовките во врска со средбата на Путин и Ердоган во Астана.

„Средбата ќе се одржи во четврток, а не утре“, додаде тој.

Песков истакна дека на средбата ќе се разговара за украинското прашање, како и за билатерални прашања.

Меѓу другото, Песков се осврна и на плановите на Соединетите Американски Држави (САД) да испратат системи за воздушна одбрана во Украина, и рече: „Тоа ќе го направи конфликтот подолг и поболен за украинската страна. Но, нема да ги менува нашите цели и конечниот резултат.“

Песков истакна дека САД де факто се вклучени во украинското прашање и дека Русија планира ефективно да ги постигне своите цели во врска со Украина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın