свет

Лавров: „Започнува следната фаза од специјалната воена операција во Украина“

- Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека е започната следната фаза од „специјалната воена операција“ на неговата земја против Украина

Dmitri Chirciu  | 19.04.2022 - Обновена : 20.04.2022
Лавров: „Започнува следната фаза од специјалната воена операција во Украина“

МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека е започната следната фаза од „специјалната воена операција“ на неговата земја против Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во интервју за индискиот телевизиски канал „Индија тудеј“, Лавров се осврна на војната меѓу Русија и Украина.

Наведувајќи дека руската Армија врши напади врз објектите на воената инфраструктура во Украина, Лавров додаде дека се против употреба на нуклеарно оружје.

„Русија не ја разгледува можноста за употреба на нуклеарно оружје во Украина. Станува збор само за употреба на обично оружје“, рече Лавров.

Нагласувајќи дека се обидуваат да ги спасат таканаречените народни републики Доњецк и Луганск, Лавров рече: „Специјалната воена операција во Украина ќе продолжи. Следната фаза од операцијата започнува сега. Сега ќе се случи важниот момент.“


- „Не можеме да се потпреме на нашите западни колеги во која било област од стратешко значење“

Посочувајќи дека западните земји не ги земаат предвид причините за дејствијата на Русија во Украина, Лавров рече: „Не можеме да се потпреме на нашите западни колеги во која било област од стратешко значење. Сигурни сме во овој заклучок.“

Наведувајќи дека Западот го „искористил“ украинскиот претседател Владимир Зеленски против Русија, Лавров додаде: „Тие направија сè за да ја зајакнат желбата на Зеленски да ги игнорира договорите од Минск.“

Лавров исто така додаде дека немаат намера да ја менуваат администрацијата во Украина.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın