свет

Лав уби чувар на сафари парк во Јапонија

- Като Кеничи е нападнат во кафезот за лавови во сафари паркот Тохоку, во регионот Нихонмацу, во јапонската префектура Фукушима

Ahmet Furkan Mercan  | 29.09.2023 - Обновена : 04.10.2023
Лав уби чувар на сафари парк во Јапонија Фото: Илустрација

ТОКИО (АА) - Чувар на зоолошка градина почина од последици предизвикани од напад на лав во сафари парк во североисточниот дел на Јапонија, пренесува Анадолу.

Като Кеничи (53) е нападнат во кафезот за лавови во сафари паркот Тохоку, во регионот Нихонмацу, во јапонската префектура Фукушима.

Кеничи работел во сафари паркот повеќе од 25 години.

Според изјавата на Кумакуба Норичике, потпретседател на сафари паркот Тохоку, од снимките на безбедносните камери е утврдено дека лавот го нападнал чуварот.

Сафари паркот е затворен и повторно ќе биде отворен откако ќе се подобрат безбедносните мерки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın