свет

Лидерот на израелската опозиција: Владата на Нетанјаху не е во состојба да ги заштити граѓаните

Најмалку еден Израелец загина, а 10 се повредени во напад со беспилотно летало врз Тел Авив од страна на јеменската група Хуси утринава

Ikrame Imane Kouachi  | 19.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Лидерот на израелската опозиција: Владата на Нетанјаху не е во состојба да ги заштити граѓаните

АНКАРА (АА) - Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денес изјави дека нападот на Хусите со беспилотно летало врз Тел Авив е „уште еден доказ“ дека Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не може да осигура безбедност за своите граѓани, јавува Анадолу.

Најмалку еден Израелец загина, а 10 се повредени во напад со беспилотно летало врз Тел Авив од страна на јеменската група Хуси утринава, објавија израелските медиуми.

„Оние што ја губат одбранатана север и југ, исто така, губат и во срцето на Тел Авив“, рече Лапид.

Тој додаде дека нема политики, нема планови, сите односи со јавноста и дискусии се за нив самите.

„Мора да си одат“, нагласи тој.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Во период од девет месеци континуирано бомбардирање и гранатирање од страна на Израел големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда им се наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.