свет

Лисабон: Град на историја, стари трамваи и безвремен шарм

- Лоциран на западниот брег на Европа, Лисабон се протега покрај Атлантскиот Океан, служејќи како важен транспортен центар и привлечна дестинација за илјадници посетители секоја година.

Aida Cako  | 11.03.2025 - Обновена : 12.03.2025
Лисабон: Град на историја, стари трамваи и безвремен шарм

ЛИСАБОН

Португалската престолнина Лисабон продолжува да привлекува голем број посетители, нудејќи уникатна комбинација од историја, култура и модерни трендови, јавува Анадолу.

Лоциран на западниот брег на Европа, Лисабон се протега покрај Атлантскиот Океан, служејќи како важен транспортен центар и привлечна дестинација за илјадници посетители секоја година.

Градот е познат по богатата историја, импресивната архитектура и старите трамваи што претставуваат симбол на неговиот урбан идентитет.

Туристите ги истражуваат старите квартови, како Алфама и Баиро Алто, а Лисабонската катедрала и Белемската кула се меѓу најфотографираните локации.

Со пријатната клима и комбинацијата на традиција и современ живот, Лисабон е една од водечките туристички метрополи во Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.