свет

Малезија доби нов крал со мандат од 5 години

- Султанот Ибрахим ибни Султан Искандар го наследи султанот Абдулах Риајатудин ал-Мустафа Била Шах, чиј петгодишен мандат истече вчера

Riyaz Khaliq Khaliq  | 31.01.2024 - Обновена : 01.02.2024
Малезија доби нов крал со мандат од 5 години Фото: Илустрација

КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Султан Ибрахим ибни Султан Искандар (65) положи заклетва и стана новиот крал на Малезија, пренесува Анадолу.

Ибрахим го наследи султанот Абдула Риајатудин ал-Мустафа Била Шах, чиј петгодишен мандат истече вчера.

Тој положи заклетва како 17. крал, во кралската резиденција Истана Негара, во главниот град Куала Лумпур.

Претходно новиот крал бил султан на државата Јохор во јужна Малезија.

Новиот крал беше избран од кралското семејство во октомври минатата година.

Девет малезиски кралски домови се менуваат на престолот, а крајот се избира со гласање во Советот на владарите во кој се застапени сите девет дома предводени од султаните.

Султанот Назрин Шах (67) од северозападната држава Перак положи заклетва како заменик-крал.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın