свет

Меккејн во тестаментот навел дека не го сака присуството на Трамп на погребот

Меккејн беше еден од најгласните критичари на политиката на Трамп во републиканските кругови, а Трамп по повод неговата смрт упати само порака со сочувство до семејството Меккејн преку Твитер

Zehra Ulucak  | 27.08.2018 - Обновена : 27.08.2018
Меккејн во тестаментот навел дека не го сака присуството на Трамп на погребот

Ankara

АНКАРА (АА) - Американскиот сенатор Џон Меккејн, кој почина во саботата, во тестаментот побарал на неговиот погреб да говорат поранешните претседатели на Соединетите Американски Држави (САД) Барак Обама и Џорџ Буш, пренесува Anadolu Agency (AA).

Американските медиуми наведуваат дека Меккејн во тестаментот навел и дека на погребот не го сака присуството на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Додека беше жив, Меккејн остро го критикуваше Трамп и не беше во добри односи со него.

Повикувајќи се на изјавите на неименувани претставници на Белата куќа, американските медиуми јавуваат дека портпаролката Сара Сандерс и шефот на Кабинетот на Трамп, Џон Кели, по повод вчерашната смрт на сенаторот Меккејн напишале официјално соопштение на Белата куќа во кое за починатиот Меккејн се зборува во суперлатив и се ословува како американски херој.

Истите извори јавуваат дека Трамп не одобрил објавување на тој текст.

Меккејн своевремено беше еден од најгласните критичари на политиката на Трамп во републиканските кругови, а Трамп по повод неговата смрт упати само порака со сочувство до семејството Меккејн преку Твитер.

Од Канцеларијата на починатиот сенатор Меккејн е соопштено дека неговиот погреб ќе се одржи на 2 септември, на гробиштата на Поморската академија во Мејленд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın