свет

Милитанти нападнале воз во југозападен Пакистан, тврдат дека држат 100 заложници

– Во тек е престрелка меѓу безбедносните сили и тешко вооружените милитанти кои тврдат дека зеле 100 патници како заложници по нападот врз воз во југозападен Пакистан денес

Amir Latif Arain  | 11.03.2025 - Обновена : 12.03.2025
Милитанти нападнале воз во југозападен Пакистан, тврдат дека држат 100 заложници

КАРАЧИ (АА) – Во тек е престрелка меѓу безбедносните сили и тешко вооружените милитанти кои тврдат дека зеле 100 патници како заложници по нападот врз воз во југозападен Пакистан денес, јавува Анадолу.

Забранетата Ослободителна армија на Балоџистан (БЛА), во изјава до локалните медиуми, ја презеде одговорноста за нападот.

Оваа организација тврди дека нејзините милитанти како заложници држат над 100 патници, меѓу кои и припадници на безбедносните сили.

Инцидентот се случил во планинскиот предел на оддалечениот округ Болан, во југозападната провинција Балоџистан, кога група милитанти детонирале експлозиви на железничката пруга и отвориле оган врз возот, при што критично бил повреден возачот, потврди официјален претставник.

Портпаролот на Владата на Балоџистан, Шахид Ринд, изјави дека дополнителни трупи се испратени на местото на нападот, каде што безбедносните сили се соочуваат со напаѓачите.

Непотврдени извештаи сугерираат дека во нападот има повеќе жртви.

БЛА и неколку други групи долго време се вмешани во нападите врз безбедносните сили и граѓаните од други провинции.

Тие се борат за „ослободување“ на Балоџистан, тврдејќи дека регионот бил насилно припоен кон Пакистан по крајот на британската колонијална власт во обединета Индија во 1947 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.