свет

Минатата година 11,8 отсто од материјалите што се користеле во ЕУ биле од рециклиран отпад

Највисока стапка на кружна употреба на материјали има во Холандија, 30,6 отсто, потоа во Италија 20,8 отсто, и во островската држава Малта 19,8 отсто

Emir Yıldırım  | 13.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
Минатата година 11,8 отсто од материјалите што се користеле во ЕУ биле од рециклиран отпад

ИСТАНБУЛ (АА) - Од сите материјали користени во Европската Унија (ЕУ) минатата година, 11,8 отсто потекнуваат од рециклирани производи, покажуваат податоците објавени денес од регионалното статистичко биро Евростат, јавува Анадолу.

Ова е рекорд на сите времиња и зголемување од 11,5 отсто - стапката на кружна употреба на материјалите во 2022 година - показател што го мери уделот на рециклирани материјали меѓу севкупните материјали што се користат во економијата, вклучително и протокот на материјали, фосилни горива и енергетски производи, соопшти Евростат.

Највисока стапка на кружна употреба има во Холандија, 30,6 отсто, потоа во Италија 20,8 отсто, и во островската држава Малта 19,8 отсто.

Најниски стапки има Романија со 1,3 отсто, потоа Ирска со 2,3 отсто и Финска со 2,4 отсто.

Најголема кружна употреба на материјали на ниво на ЕУ има во металните руди со 24,7 отсто, за 2,2 процентни поени повеќе од 2022 година, потоа неметалните минерали со 13,6 отсто, зголемување од 0,3 процентни поени, биомасата со 10,1 отсто, со зголемување од 0,7 процентни поени, и фосилни енергетски материјали/носачи со 3,4 отсто, со пораст од 0,6 процентни поени.

„Акцискиот план за циркуларна економија од 2020 година има за цел да ја удвои стапката на кружна употреба на материјали во ЕУ до 2030 година за да достигне 23,2 отсто“, соопшти Евростат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.