свет

Министерството за одбрана на Украина: „Убиени се 50 руски окупатори, погодени се 7 руски авиони“

„Убиени се 50 руски окупатори, погодени се 7 руски авиони, уништени се 4 тенка“, соопшти украинското Министерство за одбрана

Talha Yavuz  | 24.02.2022 - Обновена : 24.02.2022
Министерството за одбрана на Украина: „Убиени се 50 руски окупатори, погодени се 7 руски авиони“

КИЕВ (АА) ‒ Украина соопшти дека убила 50 руски елементи, срушила 7 руски авиони и уништила 4 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Украина.

„Убиени се 50 руски окупатори, погодени се 7 руски авиони, уништени се 4 тенка“, се наведува во соопштението.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека започнале специјална воена операција во регионот Донбас кој се наоѓа во источниот дел на Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушно-одбранбените системи, воени аеродроми и воздухопловните сили биле неутрализирани со оружја со висока прецизност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.