Многу меѓународни медиуми известија за промена на името во Туркије
Асошиетед прес, НПР, Си-Би-Ес, Ал Џезира, Франс 24, Канбера Тајмс, ВБТВ, грчкиот весник „Катимерини“, грчкиот сити тајмс и многу веб-страници ја објавија веста, цитирајќи ја Агенција Анадолија
ЊУЈОРК (АА) - Веста за потегот на Анкара да го промени официјалното име на земјата во „Туркије“ во Обединетите нации (ОН) ги погоди медиумите ширум светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенција Анадолија беше првата што објави дека ОН го регистрирале „Туркије“ како ново име на земјата.
Асошиетед прес, НПР, Си-Би-Ес, Ал Џезира, Франс 24, Канбера Тајмс, ВБТВ, грчкиот весник „Катимерини“, грчкиот сити тајмс и многу веб-страници ја објавија веста, цитирајќи ја Агенција Анадолија.
Претходно, во интервју за АА, портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, рече дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, упатено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара да се користи името „Туркије“ наместо „Турција“ во меѓународната арена.
Портпаролот на ОН рече дека промената на името на земјата стапила на сила од моментот на приемот на писмото.
Чавушоглу во вторникот го објави официјалното предавање на писмото до ОН и другите меѓународни организации.
„Заедно со нашиот Директор за комуникации направивме добра работа, подготвивме добар терен за тоа. Успеавме да го смениме името на земјата во „Туркије“ во Обединетите нации и другите меѓународни организации и земји“, изјави турскиот министер за надворешни работи гостувајќи во уредничкиот деск на АА во Анкара.
Канцеларијата за комуникации на претседателот на Република Турција во јануари оваа година започна кампања наречена „Здраво Туркије“ со цел поефективно да ја разгласи националната и меѓународната употреба на името на земјата како „Туркије“ во меѓународните медиуми.
„Турција го зајакнува сопственото јас и идентитетот на јазикот и комуникацијата, како и на сите полиња“, објасни шефот на Канцеларијата за комуникации Фахретин Алтун.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.