свет

Москва подигна кривична постапка против уште 3 странски новинари за илегално преминување на руската граница

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека се поднесени обвиненија против американските државјани Флечер Јанг и Кетрин Дис, дописници на австралиската мрежа Еј-би-си

Elena Teslova  | 27.09.2024 - Обновена : 29.09.2024
Москва подигна кривична постапка против уште 3 странски новинари за илегално преминување на руската граница

МОСКВА (АА) - Русија денес објави дека е подигната кривична постапка против уште тројца странски новинари за нелегално преминување на границата во областа Курск, јавува Анадолу.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека се поднесени обвиненија против американските државјани Флечер Јанг и Кетрин Дис, дописници на австралиската мрежа Еј-би-си, и романскиот државјанин Парбуа Мирчеа, известувач на порталот „ХотЊуз“.

„Од 17 август вкупно 12 странски новинари се соочија со кривични пријави за предметните незаконски дејствија“, соопшти ФСБ.

Обвиненијата беа подигнати во време на судирите меѓу руските и украинските сили во руската област Курск, каде што Украина изврши инвазија на 6 август.

Москва тврди дека американските приватни воени компании се борат заедно со украинските сили во регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди потегот на Украина, нарекувајќи го „терористички напад“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.