свет

Напади врз воени бази во Сомалија: Загинаа 8 лица

- Осум војници го загубија својот живот во нападите извршени од страна на терористичката организација „Еш-Шебаб“ во воените бази во подрачјето на Средно Шебели во Сомалија

Adam Abu-bashal  | 02.02.2020 - Обновена : 04.02.2020
Напади врз воени бази во Сомалија: Загинаа 8 лица Фото: Архива / АА

МОГАДИШУ

Осум војници го загубија својот живот во нападите извршени од страна на терористичката организација „Еш-Шебаб“ во воените бази во подрачјето на Средно Шебели во Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Хасан Ибрахим, воен претставник, во изјава за новинарот на АА истакна дека „Еш-Шебаб“ извршила напади врз воените бази во подрачјата на Ел Гелов, Калимов и Гарсало во Средно Шебели.

„Осум војници загинаа, додека 13 војници се повредени во нападот извршен изутрина во нашата база во Калимов од страна на терористичката организација „Еш-Шебаб““, рече Ибрахим.

Тој информира дека во настанатите судири биле убиени 10 припадници на оваа терористичка организација, и дека сѐ уште не ја знаат бројката на жртвите во нападите извршени од страна на оваа терористичка организација во другите зони.

„Еш-Шебаб“ држи под окупација голем број села и подрачја во јужниот дел на земјата, а често врши напади и врз безбедносните сили и цивилите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın