свет

Најголемиот британски воен брод доживеа дефект веднаш по испловувањето за САД

Портпаролот на кралската морнарица истакна дека е настанат технички проблем за време на пловењето на „ХМС Принцот од Велс“, еден од двата носачи на авиони на британската морнарица

Zuhal Demirci  | 29.08.2022 - Обновена : 31.08.2022
Најголемиот британски воен брод доживеа дефект веднаш по испловувањето за САД

ЛОНДОН (АА) - Најголемиот воен брод на британската кралска морнарица „ХМС Принцот од Велс“ доживеа дефект на јужниот брег на Велика Британија веднаш по неговото испловување кон Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите во британските медиуми, портпаролот на кралската морнарица истакнал дека е настанат технички проблем за време на пловењето на „ХМС Принцот од Велс“, еден од двата носачи на авиони на морнарицата. Техничкиот проблем се истражува.

Во соопштението се нагласува дека најголемиот воен брод во земјата, вреден околу 3 милијарди фунти, се расипал во близина на островот Вајт на јужниот брег на Велика Британија.

„ХМС Принцот од Велс“, вториот носач на авиони во земјата по „ХМС Кралицата Елизабета“, го напушти Портсмут во саботата (27 август) со мисија „да ја обликува иднината на операциите со авиони и беспилотни летала на северноамериканскиот брег и на Карибите“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.