свет

Најмалку 19 луѓе загинаа во судир на два автобуса во Хондурас

- Локалните медиуми објавија дека еден од автобусите превезувал мигранти без документи

Sinan Doğan  | 29.02.2024 - Обновена : 29.02.2024
Најмалку 19 луѓе загинаа во судир на два автобуса во Хондурас Фото: Илустрација

БОГОТА (АА) - Во судир на два автобуса во централноамериканската држава Хондурас денес животот го загубија 19 лица, а 11 се повредени, пренесува Анадолу.

Несреќата се случила на автопатот Сан Хуан Опоа, во западниот дел на земјата, кога се судриле два автобуса.

Во несреќата животот го загубиле 19 лица, а 11-те повредени се префрлени во локалните болници.

Локалните медиуми објавија дека еден од автобусите превезувал мигранти без документи.

Во тек е истрага за несреќата.

Во меѓувреме, претседателката на Хондурас, Сиомара Кастро, им изрази сочувство на семејствата на загинатите во објава на социјалната мрежа Х.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.