свет

Најмалку 435 тони злато нелегално прошверцувани од Африка во 2022 година

- Во извештајот на невладина организација со седиште во Швајцарија се наведува дека во Африка годишно во просек се произведуваат од 321 до 474 тони нерегистрирано злато.

Gökhan Kavak  | 01.06.2024 - Обновена : 03.06.2024
Најмалку 435 тони злато нелегално прошверцувани од Африка во 2022 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Извештајот на швајцарската невладина организација „По патеката на африканското злато“ во вчера објави дека најмалку 435 тони злато биле прошверцувани од Африка во 2022 година, што претставува значителна загуба на приходи поради корупција, владеење и вооружени конфликти, пренесува Анадолу.

Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Индија се прикажани како главни дестинации на извозот на африканското злато. Мали, Зимбабве и Брегот на Слоновата Коска се водечки земји во производството на злато.

Во извештајот на една невладина организација со седиште во Швајцарија се вели дека во Африка во просек годишно се произведуваат од 321 до 474 тони нерегистрирано злато.

Според оваа организација, шверцот со злато низ континентот е двојно зголемен во 2022 година во однос на претходните години.

Земји со најголемо производство на нерегистрирано злато се Гана, Јужноафриканска Република, Гвинеја и Буркина Фасо.

Покрај тоа, во извештајот се наведува и дека количеството на ископано и нерегистрирано злато во Африка е поголемо од она што се проценува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın