свет

Најнискиот човек на светот сака да ја посети Туркије и да се сретне со највисокиот човек на светот

- Иранецот Чадерзадех, кој е висок 65,24 сантиметри и тежок 6,5 килограми, сака да го посети Истанбул и да се сретне со Султан Косен, највисокиот човек на светот, кој има 2,51 метри

Abdulhameed Husseın Karam, Emrah Akbulak, Bekir Aydoğan  | 21.08.2023 - Обновена : 23.08.2023
Најнискиот човек на светот сака да ја посети Туркије и да се сретне со највисокиот човек на светот Фото: Стрингер


ЕРБИЛ (АА) - Афшин Исмаил Гадерзадех, најнискиот човек на светот, прати поздрав до Султан Косен, највисокиот човек на светот од Туркије, јавува Анадолу.

Гадерзадех (21) е висок 65,24 сантиметри и тежок 6,5 килограми. Во 2022 година тој стана најнискиот човек на светот (жив), според Гинисовата книга на рекорди.

Во интервју за Анадолу, Гадерзадех, кој исто така го држи Гинисовиот рекорд за најмали раце на светот, ги спомена неговите интереси за танцување и образование.

Тој рече дека поради неговата посебна фигура, образованието го добил дома кај приватен професор.

Тој изразил и желба да поседува автомобил што е по нарачка за него бидејќи не може да вози.

На прашањето за неговите аспирации за патување, Гадерзадех рече: „Посебно сакам да ги посетам Туркије, Шпанија, Русија, САД, Велика Британија и Кина. Најмногу сакам да го видам Истанбул.“

„Одовде праќам поздрав до султанот (Косен). Здраво, Султане!“, додаде тој.

Султан Косен, највисокиот човек на светот од турскиот град Мардин, има 2,51 метри.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın