свет

Невреме во Франција: Во водени буици исчезнаа најмалку шест лица

- Француската метеоролошка служба „Meteo France“ издаде „портокалово“ предупредување во 12 провинции

Şeyma Uzundere  | 10.03.2024 - Обновена : 11.03.2024
Невреме во Франција: Во водени буици исчезнаа најмалку шест лица Фото: Архива - АА

ПАРИЗ (АА) - Најмалку 6 лица исчезнаа во водени буици и поплави во јужниот дел на Франција, а власта на оваа земја издаде „портокалов“ метео-аларм поради неповолните временски услови во 12 провинции, известува Анадолу.

Локалните власти на провинцијата Гар соопштија дека во водени буици исчезнале татко и две деца во обид да прејдат мост на надојдена река во местото Дион, а уште две жени исчезнале во буиците во подрачјето на Гударг. Во водена буица во Гањиер исчезна 62-годишен возач.

Надлежните служби се на терен и спроведуваат акции на претрага и спасување, како и акции за евакуација на загрозеното население на тој француски регион.

Паралелно со тоа, француската метеоролошка служба „Meteo France“ издаде „портокалово“ предупредување во 12 провинции.

Во соопштението за опасност од поплави се предупредуваат жителите на провинциите Јон, Приморска Шаранта, Жиронда, Лозер, Аверон, Ланд, Гар, Ардеш, Вливот на Рона и Вар, додека на можни бранови се предупредени жителите на крајбрежната провинција Атлантски Пиринеи. Жителите на Приморски Алпи се предупредени на опасност од лавина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın