свет

Несреќа во австриските Алпи, загинаа најмалку петмина планинари

Шефот на спасувачката служба на Црвен крст, Антон Воитофер, изјави дека несреќата се случила на планинскиот премин Габлер, источно од Инбрук

Ekipa  | 27.08.2017 - Обновена : 28.08.2017
Несреќа во австриските Алпи, загинаа најмалку петмина планинари

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Најмалку петмина планинари загинаа денес во австриските Алпи, соопшти австрискиот Црвен крст, пренесува Anadolu Agency (AA).

Шефот на спасувачката служба на Црвен крст, Антон Воитофер, изјави дека несреќата се случила на планинскиот премин Габлер, источно од Инбрук.

Австриските медиуми јавуваат дека лицата кои настрадале биле дел од шестчлена експедиција.

Во тек е потрагата по едно исчезнато лице, а во акцијата за спасување учествуваат пет хеликоптери.

Жртвите од денешната несреќа сѐ уште не се идентификувани, а нема ниту информации кога планинарите настрадале.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın