Новата премиерка Мелони и членовите на Владата на Италија положија заклетва и стапија на должност
Првата премиерка во историјата на Италија и 24 министри во Владата положија свечена заклетва во претседателскиот Квириналски дворец пред шефот на државата, Серџо Матарела.
РИМ (АА) - Лидерката на новата екстремно десничарска коалициска Влада на Италија, Џорџа Мелони, и министрите положија свечена заклетва и стапија на должност, известува Агенција Анадолија (АА).
Првата премиерка во историјата на Италија и 24 министри во Владата положија свечена заклетва во претседателскиот Квириналски дворец пред шефот на државата, Серџо Матарела.
Мелони утре во седиштето на Владата и формално ќе ја преземе должноста од премиерот во заминување Марио Драги.
Првата италијанска премиерка во историјата на земјата утре од Драги ќе го преземе и ѕвоното со кое традиционално се означува првата седница на новата Влада.
Наредните недели двата дома на италијанскиот Парламент би требало да ја изгласаат довербата на 68-та Влада, а доволно мнозинство за тоа има десничарската коалиција која победи на општите избори што се одржаа на 25 септември.