свет

Објекти што се движат со голема брзина забележани на небото над Јужна Етиопија

„Додека внимателно ја истражуваме ситуацијата за да ја утврдиме природата на инцидентот со сигурност, бараме од сите да останат смирени и ги уверуваме дека ќе обезбедиме нови информации“

Sadik Kedir Abdu  | 10.01.2025 - Обновена : 12.01.2025
Објекти што се движат со голема брзина забележани на небото над Јужна Етиопија Фото: АА/Архива

АДИС АБЕБА (АА) - На небото на Јужна и Југоисточна Етиопија забележани се објекти што се движат со голема брзина, објави денес Етиопското здружение за вселенски науки, пренесува Анадолу.

Објектите, за кои е соопштено дека се видени синоќа околу 19:30 часот, можно е да се вселенски отпад или метеори, се вели во соопштението на здружението.

„Додека внимателно ја истражуваме ситуацијата за да ја утврдиме природата на инцидентот со сигурност, бараме од сите да останат смирени и ги уверуваме дека ќе обезбедиме нови информации веднаш штом ќе ги добиеме“, се додава во соопштението.

Тоа се случува во период кога Кениската вселенска агенција продолжува да го испитува огромниот метален прстен што падна во земјата на 30 декември.

Прстен широк речиси 2,4 метри и тежок околу 453 килограми падна од небото во селото Мукуку во источниот Округ Макуени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.