ОН: Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле дома по падот на режимот на Асад
- УНХЦР објави дека од 8 декември Сиријците почнале да се враќаат дома од земјите како Туркије, Јордан и Либан

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 115.000 Сиријци се вратија дома по падот на режимот на Асад, соопшти денес Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), јавува Анадолу.
Тие од 8 декември почнаа да се враќаат од земји како Туркије, Јордан и Либан, се вели во соопштението на УНХЦР.
Информациите потекнуваат од изјавите на земјите домаќини, интеракциите со имиграциските служби во Сирија и граничниот мониторинг спроведен од агенцијата и нејзините партнери.
Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Промената се случи откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам брзо ги зазедоа клучните градови во земјата во офанзивата што траеше помалку од две недели.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.