свет

Палестинците го држат рамазанскиот пост под тешки услови во опустошената Газа

И покрај духот на солидарноста и благословеноста на Рамазан, семејството Шамлех и многу слични семејства се борат да преживеат под тешки услови поради недостигот на хуманитарна помош

Ekipa  | 09.03.2025 - Обновена : 11.03.2025
Палестинците го држат рамазанскиот пост под тешки услови во опустошената Газа

ГАЗА (АА) - Палестинците кои живеат во населбата Тел ал-Хава во градот Газа, како и останатите Палестинци во Појасот Газа, секој ден го прекинуваат постот покрај урнатините од своите домови уништени од израелската војска, јавува Анадолу.

Семејството Шамлех мора да се задоволи со малку тестенини и салата за да го потисне гладот ​​на нивните деца бидејќи хуманитарната помош сè уште не стигнува во областа.

И покрај духот на солидарноста и благословеноста на Рамазан, семејството Шамлех и многу слични семејства се борат да преживеат под тешки услови поради недостигот на хуманитарна помош.

Израел го блокира влезот на хуманитарната помош во енклавата и покрај договорот за прекин на огнот и дозвола за влез на помошта до жителите на Газа.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила од 19 јануари, со што се запре израелската војна која предизвика опсежно разорување и која ја остави палестинската енклава во урнатини.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.