свет

Палестинците се обидуваат да најдат огрев од ѓубриштата поради кризата со гориво во Газа

Палестинските деца собираат пластика и дрво меѓу купиштата ѓубре за да ги задоволат потребите на нивните семејства за огрев

Elena Trenchevska Chekovic  | 21.04.2025 - Обновена : 21.04.2025
Палестинците се обидуваат да најдат огрев од ѓубриштата поради кризата со гориво во Газа Фото: Hamza Z. H. Qraiqea/AA

СКОПЈЕ (АА) – Во Појасот Газа продолжува кризата за храна и гориво поради израелската блокада на хуманитарната помош на граничните премини и континуираните напади во енклавата, јавува Анадолу.

Палестинските деца собираат пластика и дрво меѓу купиштата ѓубре за да ги задоволат потребите на нивните семејства за огрев.

Поради недостиг на општински возила, отпадот се акумулира близу до населените места, што го зголемува загадувањето на животната средина.

Меѓународните хуманитарни организации континуирано алармираат за рапидниот раст на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа поради израелската блокада. Израел ја користи храната, горивото и хуманитарната помош како оружје во војната против Појасот Газа.

Од 2 март, Израел ги затвори граничните премини на Газа за влез на хуманитарна, медицинска и друга помош, што според локалните и меѓународните извештаи предизвика невидена хуманитарна катастрофа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја интензивира офанзивата врз Газа, додека, како што е наведено, се спроведува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно иселување на Палестинците од енклавата.

Од почетокот на израелската воена офанзива во октомври 2023 година, во Газа се убиени повеќе од 51.200 Палестинци, од кои најголем дел се жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Покрај тоа, Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.