Прекинот на огнот во Газа стапува во сила во недела во 7:30 часот (СЕВ)
Катар го повика населението на Газа да преземе примарни мерки на претпазливост и да ги следи упатствата на надлежните
ИСТАНБУЛ (АА) - Прекинот на огнот во Поајсто Газа ќе стапи во сила во недела во 7:30 часот по средноевропско време (СЕВ), објави Катар, известува Анадолу.
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, соопшти дека прекинот на огнот ќе стапи во сила на 19. јануари во 8:30 часот по локално време (7:30 по СЕВ).
Ал-Ансари го повика населението на Газа да преземе примарни мерки на претпазливост и да ги следи упатствата на надлежните.
Катар, еден од посредниците во преговорите, на 15. јануари објави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници.
Договорот кој се состои од три фази, предвидува во првите 42 дена да бидат ослободени 33 израелски заложници.
Предвидена е испорака на хуманитарна помош во Газа, како и враќање на раселените Палестинци.
Деталите од втората и третата фаза на договорот ќе бидат соопштени по имплементацијата на првата.