Претпразнична атмосфера во Париз, божиќен базар на Плас де ла Конкорд
- Декоративните елементи, вклучително дрвени фигурини и урбана шума дизајнирана од градските служби, даваат дополнителна магија.
ПАРИЗ (АА) - Париз, главниот град на Франција, познат како град на светлината и љубовта, започна со подготовките за божиќните и новогодишните празници, јавува Анадолу.
Традиционалниот божиќен базар, кој обично се одржува на плоштадот пред Градското собрание, годинава е преместен на познатиот плоштад Плас де ла Конкорд (Плоштад на слогата).
Во период од 14 декември до 5 јануари посетителите ќе можат да уживаат во еден од најубавите божиќни базари во Европа.
Новата локација, која се наоѓа меѓу градината Туилери и авенијата Шанзелизе, овозможува уште поубава празнична атмосфера за сите љубители на божиќните традиции.
Декоративните елементи, вклучително дрвени фигурини и урбана шума дизајнирана од градските служби, даваат дополнителна магија.
Фонтаните на Плас де ла Конкорд, како и обелискот од Луксор, блескаат во сина боја, а светилките на Шанзелизе и блискиот божиќен базар во Туилери дополнително го зголемуваат празничниот дух.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.