Пронајдени остатоците од исчезнатиот хеликоптер во Италија со пет тела
Од покраината Модена се наведува дека хеликоптер HH139 на италијанското воено воздухопловство ги открил остатоците од хеликоптерот во областа помеѓу Батисти на Апенините и регионот Сегерија
МОДЕНА (АА) - На Апенините се пронајдени остатоците од хеликоптерот што во четвртокот исчезна од радарот меѓу подрачјето на Тоскана и Емилија-Ромања во Италија, а во кој се наоѓаа седум лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Италијанската агенција АНСА објави дека во остатоците од хеликоптерот се пронајдени пет тела.
Од покраината Модена се наведува дека хеликоптер HH139 на италијанското воено воздухопловство ги открил остатоците од хеликоптерот во областа помеѓу Батисти на Апенините и регионот Сегерија помеѓу Тоскана и Емилија-Ромања.
Локалните медиуми објавија дека лице кое планинарело во регионот Кусна на Апенините пријавило дека видело остатоци од хеликоптер.
Хеликоптерот, во кој имало седум лица, од кои четворица Турци, полета на 9 јуни во Тревизо од Лука, Италија, а по извесно време исчезна од радарот.