свет

Река облеана во црвена боја предизвика загриженост кај жителите на Буенос Аирес

Инцидентот го привлече вниманието на јавноста и локалните власти, при што првичните сомненија се насочени кон тоа дека излевањето на анилин

Aida Cako  | 07.02.2025 - Обновена : 08.02.2025
Река облеана во црвена боја предизвика загриженост кај жителите на Буенос Аирес Фото: Luciano Adan Gonzalez Torres/АА

БУЕНОС АИРЕС (АА) – Жителите на Буенос Аирес изразија загриженост откако водите покрај брегот на Рио де ла Плата станаа црвени, а се претпоставува дека тоа е резултат на хемиско загадување, јавува Анадолу.

Инцидентот го привлече вниманието на јавноста и локалните власти, при што првичните сомненија се насочени кон тоа дека излевањето на анилин – хемиско соединение што често се користи во индустриски процеси – може да е извор на загадувањето.

Се верува дека загадувањето потекнува од компании што работат покрај реката Саранди, во предградијата на аргентинската метропола.

Црвената боја се прошири низводно од реката Саранди и стигна до Рио де ла Плата, што поттикна официјална истрага за можно испуштање индустриски отпад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.