свет

Рекордно уништување на шумите во Амазонија во април

- Зачувувањето на Амазонија исклучително е важно за запирање на катастрофалните климатски промени предизвикани поради огромните количества јаглерод диоксид, што прашумата ги апсорбира

Elvır Hodzıc  | 07.05.2022 - Обновена : 08.05.2022
Рекордно уништување на шумите во Амазонија во април

АНКАРА (АА) - Во април е продолжен катастрофалниот тренд на уништување на шумите во бразилска Амазонија со двојно повеќе уништена шумска површина во однос на април минатата година, известува Агенција Анадолија (АА).

Според прелиминарниот извештај на бразилските власти, во првите 29 дена од април, во Амазонија уништени се шуми на површина од 1.012,5 квадратни километри.

Рекордното сечење на амазонските шуми забележано е и во јануари и февруари. Уништувањето на бразилска Амазонија во првите 4 месеци од оваа година исто така достигна рекорд, со зголемување од 69 отсто во однос на истиот период во 2021 година.

„Причината за овој рекорд има име и презиме – Жаир Месијас Болсонаро“, рече Марсио Астрини, водителот на бразилската климатска група „Climate Observatory“.

Тој рече дека е изненаден од априлскиот рекорд во уништувањето на шумите, имајќи предвид дека е сезона на дождови, период кога сечењето на дрвјата е исклучително отежнато поради непристапните патишта и терени.

Уништувањето на шумите во Амазонија се зголеми откако десничарскиот претседател Жаир Болсонаро ја презеде должноста во 2019 година и ја ослабна заштитата на околината.

Болсонаро тврди дека поголемото земјоделие и рударство во Амазонија ќе ја намали сиромаштијата во регионот.

Зачувувањето на Амазонија е исклучително важно за запирање на катастрофалните климатски промени предизвикани поради огромните количества јаглерод диоксид, што прашумата ги апсорбира.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın