свет

Рио де Жанеиро, градот на карневалите и најубавите плажи, привлекува посетители од целиот свет

Меѓу најпознатите симболи на Рио се статуата на Исус Христос, која се наоѓа на врвот на планината Корковадо, како и планината Шеќерна Глава, која нуди незаборавни панорамски глетки

Aida Cako  | 28.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
Рио де Жанеиро, градот на карневалите и најубавите плажи, привлекува посетители од целиот свет Фото: Emin Sansar/AA

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Рио де Жанеиро, вториот најголем град во Бразил, претставува вистинска туристичка атракција која го привлекува вниманието на посетителите од целиот свет, јавува Анадолу.

Лоциран во југоисточниот дел на земјата, овој крајбрежен град е познат по своите уникатни природни и архитектонски знаменитости.

Меѓу најиконските симболи на Рио се статуата на Исус Христос, која се наоѓа на врвот на планината Корковадо, како и планината Шеќерна Глава, која нуди незаборавни панорамски глетки.

Овој град е најпосетуваниот град во јужната полутопка и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, Босанова и плажите како што се Бара де Тихука, Копакабана, Опанема и Леблон.

Во Рио де Жанеиро се наоѓа и најголемата урбана шума во светот, националниот парк Тиџука, кој е дом на 71 вид цицачи.

Едно од местата што не треба да се пропуштат е Паркот Боа Виста, каде што посетителите можат да уживаат во зелените ридови, да го посетат Храмот на Аполон или да ја истражат Националната палата, некогашниот дом на бразилската кралска фамилија, која денес го прифаќа Националниот музеј на Бразил.

За љубителите на природата и рекреацијата, Паркот Фламенго е уште еден бисер на градот.

Со своите 120 хектари зелена површина, овој парк ги спојува убавините на природата со културни и спортски активности, вклучувајќи го Музејот на модерната уметност и Меморијалот за Втората светска војна.

Рио де Жанеиро останува неизоставна дестинација за оние кои сакаат да ја доживеат магијата на Бразил – град кој ги комбинира природните богатства со културното наследство, создавајќи неповторливо искуство за секој посетител.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.